Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, потврди дека меѓу загинатите и повредените во нападите што денеска се случија во близина на аеродромот во Кабул има и Американски војници, но не даде конкретна бројка за колку жртви се работи.
Тој додаде дека меѓу загинатите се и бројни Авганистанци.
Повеќе американски медиуми повикувајќи се на потврда од официјални лица објавија дека загинале најмалку четворица маринци.
Statement on this morning's attack at #HKIA: pic.twitter.com/Qb1DIAJQJU
— John Kirby (@PentagonPresSec) August 26, 2021
Десетици жртви има во две силни експлозии што денеска одекнаа во близина на меѓународниот аеродром во Кабул, а стотина лица се повредени. Според досегашните информации, првата експлозија се случија на влезот Аби на меѓународниот аеродром во Кабул, а втората пред хотелот „Барон“, кој исто така се наоѓа во близина на аеродромот.
Засега, нема точни информации кој стои зад нападите, но според првичните објави на светските медиуми кои се повикуваат на сведоци на нападите, наводно првиот бил извршен од бомбаш-самоубиец, а потоа бил отворен и оган кон луѓето кои биле на аеродромот.
