Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра денеска ја посети Северна Македонија и со својот колега, министерот Бујар Османи, разговараше за ЕУ процесот на пристапување, билатералната соработка и безбедносната ситуација.

Министерот Хукстра, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи, на граѓаните на Северна Македонија им го честиташе претстојниот Ден на независноста и ја потврди целосната поддршка на Холандија за Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. Тој ја истакна важноста на реформите за владеење на правото како столб на заедничките вредностите на ЕУ, како и ефикасното судство, реформи во јавниот сектор и борба против корупцијата.
„Ќе останеме фер и исто така многу ангажирани – затоа што веруваме дека ова е најдобриот начин за проширување и зајакнување на Европската унија. Со задоволство ќе и помогнеме на Северна Македонија на нејзиниот пат кон целосно ЕУ-членство“,
рече министерот Хукстра, се наведува во соопштението од МНР.
