Врнежи од дожд се очекува да има од четврток, а за време на викендот да станат пообилни
Времето денеска ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневната температура се очекува да биде за три до пет степени повисока од претходните денови. Попладне се очекува да има сончеви периоди, но и да дува слаб ветер од променлив правец.
„Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 6 до 12 степени“, велат од УХМР.
Врнежи од дожд се очекува да има од четврток, а за време на викендот да станат пообилни.