Моментно се хоспитализирани 599 пациенти кои се позитивни, но и сомнителни на коронавирус и има околу 560 празни болнички кревети во ковид- центрите
Околу 600 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19 лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава.
Моментно се хоситализирани 599 пациенти и има околу 560 празни болнички кревети во ковид- центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Вкупно 343 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат моментно во ковид-центрите низ внатрешноста на земјата.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, а во Штип – 38. На инфективното одделение во Тетово има 18 пациенти, во Велес 17, а во Куманово 50 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Во ковид-центарот во Охрид има 65 пациенти, во Прилеп 20, во Гостивар 21, а во Струга 20 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 14, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според податоците од вчерашниот билтен на Министерството за здравство, бројот на активни (потврдени) случаи на ковид-19 во моментов изнесува 8 667.