Водечките хрватски научници низ анализа кај пациенти од Пула, Копривница, Вараждин, Сплит и Осиек утврдиле дека вирусот во секој град е различен.
Шефицата на Лабораторија за имунохемија и биохемија на Универзитетот за биотехнологија во Загреб, Бела Халаши вели дека група научници кои ги анализирале геномите на вирусот имаат докази дека структурата не е идентична кај ниту еден од случаите.
Професорката Јелена Иванчиќ Јелечки појаснува дека предмет на анализа биле брисеви од различни пациенти кои им припаѓаат на различни калстери.
„Од шесте примероци, утврдено е дека тие и припаѓаат на т.н. мутирана D614G варијанта на овој вирус, но се уште не може недвосмислено да се утврди дали е тоа позаразната верзија. Нем разлика околу сериозноста на болеста која ја предизвикува, односно не е утврдено дека има потешки симптоми од оригиналната верзија на ковид-19, но сигурно е дека луѓето кои се инфицирани со оваа мутација имаат повисоки нивоа на вирусот во себе“,
вели Јелечки.
Се смета дека оригиналната верзија на вирусот, доживела мутација при ширењето од Кина во Европа. Таа како D614G е пренесена во Америка и во најголема мера циркулира низ светот.
На неа и се припишува поголема заразност, и се смета дека е поопасна од оригиналната веризија.