На рускиот амбасадор во Загреб му било укажано оти вкупно 18 руски дипломати и шест члена на административно-техничкиот персонал на руската амбасада во Загреб треба да ја напуштат земјата согласно Виенската конвенција за дипломатски односи
Хрватска побара од 18 руски дипломати и шест члена на административно-техничкиот персонал на руската амбасада во Загреб да ја напуштат земјата, односно вкупно 24 вработени во амбасадата.
Рускиот амбасадор во Хрватска денеска бил повикан во Министерството за надворешни и европски работи каде што му била врачена и нота со која бил информиран за одлуката на Хрватска да го намали бројот на вработени во Руската амбасада во Загреб, согласно Виенската конвенција за дипломатски односи.
Воедно, на руската страна ѝ бил повторен повикот за итен прекин на воените активност и повлекување на руските трупи од целата територија на Украина, а укажана била и потребата за итно осигурување на патиштата за евакуација на населението.