Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс (56) денеска си поднесе оставка откако синоќа се онесвести на седница во парламентот на која се дебатирало за справувањето со коронавирусот.
Тој колабираше на говорница додека слушаше прашање од пратеник, а помош му пружија присутните министри.
„Уморот се наталожи изминатите недели, но сега се чувствувам подобро. Одам дома да се одморам за утре да продолжам да се борам против коронавирусот“,
порача министерот по колабирањето.
Но, денеска наместо да продолжи со борбата, тој си поднел оставка.
Причините, како што јавуваат холандските медиуми, не се наведени во официјалното соопштение од Владата.
Додека да се назначи нов министер за здравство, улогата на министер за здравство ќе ја извршува актуелниот министер за спорт Хуго де Јонг.