Холандските власти донесоа одлука да се отфрли од употреба името Холандија и од сега да се користи само терминот Недерланд. Земјата има 12 провинции, од кои само две во својот назив го содржат зборот Холандија.
Како што велат тамошните власти одлуката се должи со цел промена на имиџот на земјата. Министерствата, универзитетите, амбасадите и компаниите од овој месец ќе го користат името Недерланд.
Властите се надеваат дека оваа промена ќе привлече повеќе туристи во другите делови на земјата, бидејќи главниот град Амстердам, како и Харлем и Хаг не се во состојба да се справат со големиот број туристи.
Официјалното име на земјата е Кралство Недерланд, а зборот Недерланд е составен од зборот „neder“, што во германските јазици значи „ниско“, и „land“, што значи земја. Буквален превод на официјалното име на оваа земја е „Кралство на ниските земји“.
Меѓу првите употреби на Недерланд во поголема промотивна кампања ќе биде на натпреварот за песна на Евровизија во 2020 година, чиј домаќин ќе биде Ротердам. Нидерланд, исто така, ќе се користи на сите материјали поврзани со Олимписките игри во 2020 година во Токио.