Денеска е продолжена и засилена потрагата по лицето што со приватно моторно возило „голф 4“ падна вчера во водите на реката Вардар кај мостот во село Желино.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во потрагата на терен се вклучени пет лица од полициската станица во Јегуновце, лица од Црвениот крст од Тетово четири нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување, пет вработени од Територијалната противпожарна единица Тетово, шест вработени од Единицата на локалната самоуправа Желино и екипа од РЦУК Тетово.
Исто така, најавено е пристигнување и на специјализирана нуркачка екипа од Министерството за внатрешни работи, како и екипа на Криминалистичка полиција од СВР Тетово на МВР.
На терен е присутен и тим од седум члена од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), а и други доброволци кои вршат потрага на двете страни од коритото на реката Вардар. Од страна на ЦУК има побарано еден хеликоптер од МВР и тој врши пребарување од 13:30 часот по течението на реката, почнувајќи од местото на настанот.
Истовремено во потрагата се очекува интервенција од нуркачниот тим од МВР.