Три други лица, пак, загинале во руските напади на областа Лисичанска, град на истокот од земјата
Во руско гранатирање на вториот најголем град во Украина, Харков, загинаа девет лица, меѓу кои и петмесечно бебе, а повредени се 17 цивили, тврдат украинските власти.
Три други лица, пак, загинале во руските напади на областа Лисичанска, град на истокот од земјата каде што заедно со Северодонецк руските сили ја фокусираат агресијата изминатите денови.
Гувернерот на Харков, Олег Шинехубов, информира за загинати двајца мажи на возраст од 64 и од 82 години, а десетина лица се повредени, меѓу кои и деветгодишно девојче, при гранатирање на градот Балаклија.
Украинските власти наведуваат дека руските сили и понатаму се обидуваат да напредуваат во областа Северодонецк, преостанатиот дел од Луганск, кој е под контрола на Украина.