„Се трудиме да градиме европски фронт на прогресивни сили во државата, кој и покрај сите грешки што сме ги имале во овие неколку години ќе бидат простени затоа што се жртвуваме себеси, нашите кариери, да не бидеме популисти, туку да носиме одлуки со кои градиме држава со тапија за идните генерации. Со сиот ризик да нè етикетираат како предавници, како што прават руските експоненти“, вели првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците
Високиот претставник на САД, О‘Брајан, рече дека став на Владата на САД е Европа. И дека имаме сили кои јавно кажаа за што се залагаат, за европски фронт и имаме други кои сè уште немаат кажано за што се залагаат, а ние би сакале да чуеме за што се залагаат. Дали се залагаат за руски источен фронт или за европски фронт. Европскиот фронт има само еден пат, а за тој се залагаме сите ние што сме во оваа сала. Од сите вас зависи, од сите нас заедно каде и каква ја сакаме нашата заедничка Македонија, да биде европска или руска. Ова денеска го порача првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на отворањето на дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ во Скопје.

„Во последните две години на оваа наша заедничка влада, но и во последните четири години на оваа коалиција и на ова прогресивно мнозинство, но и на претходната влада и коалиција од изборите на 11 декември 2016 година и формирањето на Владата во јули 2017 година, ова наше прогресивно заедништво се соочуваше со многу предизвици кои имаа само едно заедничко име, само еден единствен фактор на поттикнување, само еден центар на координација и инспирација, а тоа е Русија“,
рече Груби.
Тој во обраќањето потсети на случувањата во Собранието.
„Ако се сеќавате за време на нередите во Собранието, имаше еден Русин од руските служби во Собранието, заедно со колега од нашето соседство, кои ги поттикнуваа тие што протестираа да влезат и да ги линчуваат пратениците, новоизбраниот претседател на Собранието и мандатарот за новата влада и сите присутни таму. Своевремено имаше изјави и од министерот за надворешни работи Лавров и од неговата портпаролка Захарова, но и од претседателот Путин, кој ги знаеше сите села во Македонија и ги спомнуваше во негови интервјуа. Велеше дека огнената раскрсница за Русија во однос на проширувањето на НАТО е Македонија. Ова е изјава цитирана од страна на Лавров, а потоа Путин го спомнуваше и кумановско Грушино за да поттикнува меѓуетнички конфликти во Македонија, меѓу Македонците и Албанците, сè до случаите кои се случуваа трагични во нашите градови,
вели првиот заменик на претседателот на Владата.
Според Груби, освен овие изјави, тие беа против Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и направија сè што е можно да не се потпише тој договор.
„Сите сме сведоци на сите протести, што се случуваше во Собранието. Беа против и промената на Уставот со цел завршување на деценискиот спор со соседот Грција и зачленувањето на нашата земја во НАТО. Безбедносната криза, енергетската криза, ценовната криза, инфлацијата има само едно име Русија и нивната воена агресија врз Украина и последната војна во Европа после Втората светска војна од тие размери. Имаше протести против договорот за добрососедство со Бугарија кои беа поттикнати од руски елементи во нашето општеството. Можеби сите ќе помислите дека претерувам, но досега не испаднало нешто погрешно од тоа што сме рекле, ,
вели тој.
Според него, најголемиот инфраструктурен проект од осамостојувањето, па досега, изградбата на коридорот 8 и 10 бил опструиран токму од Русија.
„Изгубивме една година токму поради руска компанија која влезе во постапката и го наруши целиот процес. Дали има руско влијание во нашите верски заедници, одговорот пронајдете го самите? Дали има руско влијание во медиумите, одговорот, пак, го знаете, дали има руско влијание во невладините организации? Има руски елементи кои прават се што е можно да нарушат прогресивно парламентарно мнозинство и коалиција, која сака да ја види оваа држава членка на НАТО и на ЕУ и е во вековно пријателство со САД“,
вели Груби.
Затоа вели дека се обидуваат да го изградат европскиот фронт на заедништво.
„Се трудиме да градиме европски фронт на прогресивни сили во државата, кој и покрај сите грешки што сме ги имале во овие неколку години ќе бидат простени затоа што се жртвуваме себеси, нашите кариери, да не бидеме популисти, туку да носиме одлуки со кои градиме држава со тапија за идните генерации.Со сиот ризик да нè етикетираат како предавници, како што прават руските експоненти“,
рече тој.
Денеска, рече Груби, нашата заедничка држава е членка на НАТО, има отворени преговори со Европската Унија, е во стратешко партнерство со САД, има отворени врати во сите земји членки на ЕУ, претседава со ОПСЕ.
„Тоа е нашата Македонија на која и се потребни храбри лидери, кои ќе се одважат себеси и ќе станат членови на европскиот фронт и ќе стават крај на руското влијание во нашата земја“,
рече Груби.
Потсети на изјавата на О‘Брајан за ставот на Владата на САД.
„Премиере Ковачевски, на вечерата високиот претставник на САД, можеби не треба на ваков собир тоа да се кажува, но О‘Брајан тоа го кажа и на прес-конференција. Рече дека став на владата на САД е Европа. И дека имаме сили кои јавно кажа за што се залагаат, за европски фронт и имаме други кои се уште немаат кажано за што се залагаат, а ние би сакале да чуеме за што се залагаат. Дали се залагаат за руско источен фронт или за европски фронт. Европскиот фронт има само еден пат, а за тој се залагаме сите ние што сме во оваа сала. Зависи од сите вас, од сите нас заедно каде и каква ја сакаме нашата заедничка Македонија, да биде европска или руска“,
го заврши говорот Груби.