Вчерашниот настан во Тетово, на кој градоначалникот Билал Касами промовираше новоасфалтирана улица над која се вееше знамето на „голема Албанија“, денеска го осуди и СДСМ. Ваквиот настан од владејачката партија го оценија како провокација и поттикнување раздор помеѓу граѓаните
Знамето со картата на „голема Албанија“, кое вчера повторно беше истакнато во Тетово, првиот вицепремиер Артан Груби го оцени како провокација на европскиот пат на нашата земја, но и дефокус на јавноста од вчерашната посета на високиот претставник на Стејт департментот на САД, Габриел Ескобар.
Ваквата иконографија, која по вторпат овој месец е присутна на два одделни настани во Општина Тетово, според Груби, нема за цел да донесе добро ниту за Албанците ниту за Македонците.
„Тоа се мали партии со големи комплекси. Се надевам дека никој од нас нема да им дадат можност преку мали гестови да стануваат големи партии. Вакви настани не ни се потребни посебно не кога во нашата држава пристига висок гостин од Стејт департментот да ни даде поддршка за европска интеграција на земјата, а ние да предизвикаме вакво нешто, да ја дефокусираме јавноста. Тој настан, тој вокабулар е само за самофакторизирање и служи на некои агенди кои не и го сакаат доброто ниту на Македонија, ниту на Албанците, ниту на кој било друг и затоа сметам дека треба да ги игнорираме како маргинални фактори во општеството и непотребни инциденти кои се апсолутно провокација за европскиот пат на нашата земја“
изјави денеска Груби за медиумите.
Вчерашниот настан во Тетово, на кој градоначалникот Билал Касами промовираше новоасфалтирана улица над која се вееше знамето на „голема Албанија“, денеска го осуди и СДСМ. Ваквиот настан од владејачката партија го оценија како провокација и поттикнување раздор помеѓу граѓаните.
„Само Мицкоски молчи за провокациите на неговиот коалициски партнер, во ДПМНЕ владее целосна штама. Факт е дека додека Беса и Касами беа во коалиција, со СДСМ немаше вакви работи, напротив. Ова се случува само сега, кога се во коалиција со ДПМНЕ. Граѓаните гледаат иста излитена приказна, 30 години само национализам, како димна завеса за нечесни намери, популизам и криминал“,
порачаа од СДСМ.
Реакциите следуваат откако вчера, по вторпат овој месец, во Тетово се развеа знамето на „голема Албанија додека градоначалникот Билал Касами промовираше новоасфалтирана улица.
Ваквата иконографија беше присутна и на концертот кој беше организиран во чест на косовскиот премиер Албин Курти кој на 11 август беше во посета на Тетово. Знамето го вееше човек од публиката.