Од новите случаи, 21 е „увезен“, од кои шест биле откриени на влезните точки во земјата
Втор ден по ред, во Грција е регистриран зголемен број на нови случаи на ковид-19, вкупно 1 820, од кои повторно најголемиот дел се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а починаа девет лица, јави МИА од Атина.
Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 1
061 случај е во Атика, 172 се на Крит, 51 во Солун, 50 во Јанина, 18 во Коринт, 14 на островот Миконос (кој веќе е во третата портокалова зона), 12 на Крф, пет на Халкидики …
Од новите случаи, 21 е „увезен“, од кои шест биле откриени на влезните точки во земјата.
Вчера беа соопштени 1 797 нови случаи на ковид-19, од вкупно 66 464 тестови, а денешните 1 820 заразени се од 59 903 тестирања .
Последен пат, над 1 800 новозаразени во Грција имаше на 1 јуни годинава.
Од почетокот на пандемијата во земјата, од ковид-19 починаа 12 763 лица, а потврдени се 430 960 позитивни случаи.