Според неа, оваа иницијатива била поздравена и од страна на координаторот на Стејт Департментот на САД за глобално спречување на корупцијата, Ричард Нефју, со кого таа одржа средба во рамки на Конференцијата на земји потписнички на Конвенцијата на ОН против корупцијата во Атланта, САД
Да се прошири опсегот на Законот за рестриктивни мерки, со што ќе се прошири и дополни законот со процедура врз основа на која изречените санкции од САД ќе бидат процесуирани во домашното законодавство.
Со тоа, оние лица кои се ставени на црна листа на САД, според неа, ќе можат да се санкционираат и во македонското законодавство.
Ова вечерва во Дневникот на МРТВ го рече заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

„Договорот за стратешко партнерство помеѓу САД и Република Северна Македонија, во еден дел се однесува и на борбата со корупцијата и организираниот криминал, и токму затоа ја поткренав таа иницијатива да се прошири опсегот на рестриктивни мерки, да се однесува за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризам, а координативното тело одлучи да се вметнат и хибридните дејствија против државата. И да се олесни законската процедура, според македонскиот легален систем за оние лица кои се ставени на црна листа, да се процесираат во македонското законодавство“,
рече Грковска.
Според неа, оваа иницијатива била поздравена и од страна на координаторот на Стејт Департментот на САД за глобално спречување на корупцијата, Ричард Нефју, со кого таа одржа средба во рамки на Конференцијата на земји потписнички на Конвенцијата на ОН против корупцијата во Атланта, САД.
На прашањето дали очекува поддршка од опозицијата за усвојување на овој закон, вицепремиерката Грковска истакна ретко се наидува на некој кој ќе каже дека не се залага за борба со корупцијата.
„Но, кога станува збор за конкретни решенија кои одат во насока на поефикасна борба со корупцијата, ќе се види кој е искрен во тие заложби, а кому тоа му е само флоскула“,
посочи таа.