Премиерот на Гренланд ја даде изјавата за време на вториот ден од официјалната посета на Данска, пркосејќи му на интересот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз островот
Гренланд никогаш нема да биде недвижен имот што некој може да го купи – порача новиот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, коментирајќи ги изјавите на САД за присоединување на данската автономна територија.

Нилсен ја даде изјавата за време на вториот ден од официјалната посета на Данска во присуство на премиерката на земјата Мете Фредериксен, пркосејќи му на интересот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд како стратешка територија.
„Пораките од САД се знак на непочит. Затоа треба да бидеме заедно во оваа ситуација“,
рече Нилсен за време на посетата на Данска и средбата со премиерката Фредериксен.
Тој додаде дека Гренланд е подготвен за силно партнерство со САД, но дека од нив очекува почит.
Неговата реакција следува по последователните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој повторуваше дека треба да го преземат Гренланд бидејќи островот е важен за националната безбедност на САД.