Грчкиот државјанин (66) возел „ауди А8“ со црногорски регистрации, а цигарите биле скриени во прегради во багажникот
Полицијата на граничниот премин „Стар Дојран“ синоќа околу полноќ фатиле државјанин на Грција кој сакал да прошверцува 1 250 кутии цигари.
„При преглед во патничко возило ’ауди А8‘ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1 250 кутии цигари за кои не поседувал документација“,
велат од полицијата.
Автомобилот и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка.