Изјавата на претседателот на Скопскиот плански регион, Бобан Стефковски, доаѓа по координацијата со градоначалниците на општините од Скопје, од кои повеќето се од ВМРО-ДПМНЕ, а кои беа погодени од вчерашното невреме. На координацијата, како што вели Стефковски, утврдено е дека седум општини биле зафатени во невремето, а како последица на тоа настанати се материјални штети
Ниту една владина институција нема понудено помош на ниту една општина за справување со последиците од невремето, реагира претседателот на Скопскиот плански регион и градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, откако вчера Скопје беше погодено од силно невреме, а како последица на тоа се предизвикани материјални штети на повеќе локации во градот.
Изјавата на претседателот на Скопскиот плански регион, Бобан Стефковски, доаѓа по координацијата со градоначалниците на општините од Скопје, од кои повеќето се од ВМРО-ДПМНЕ, а кои беа погодени од вчерашното невреме. На координацијата, како што вели Стефковски, утврдено е дека седум општини биле зафатени во невремето, а како последица на тоа настанати се материјални штети
„Како претседател на Скопскиот плански регион сакам да го истакнам своето незадоволство од целосната незаинтересираност од страна на Владата на Република Македонија во врска со вчерашното невреме, односно со последиците настанати од него“,
вели Стефковски.
Тој додава оти градоначалниците на Град Скопје и општините на градот кои биле погодени од силното невреме биле оставени сами со своите ресурси да се справуваат со последиците од непогодата.
„Јасното недејствување на Владата во вчерашното попладне не беше опструкција кон градоначалниците, туку директна опструкција кон граѓаните“,
додава тој.
И покрај сите опструкции, според Стефковски, градоначалниците на Град Скопје и општините во градот кои беа погодени од невремето успешно, брзо и ефикасно се справија со сите проблеми настанати на терен и за неколку часа по невремето сите улици беа расчистени.
Во соопштението Стефковски апелира до Владата да формира владин кризен штаб со претставници од сите надлежни институции за дејствување во време на елементарни непогоди со цел заедничко дејствување во интерес на граѓаните.
