Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко изјави дека се водат тешки борби во челичарницата Азовстал, „каде што украинските сили го бранат последниот дел од градот кој се уште не е заземен целосно од руските сили“, пишува Би-би-си.
Бојченко за украинската телевизија информира дека е изгубен контактот со борците внатре во Азовстал.
Околу 100 цивили беа евакуирани од челичарницата во последниве денови, но се смета дека стотици цивили, меѓу кои и повеќе од 30 деца, сè уште се внатре.
Висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за Би-Би-Си дека руските сили започнале да прават вистински „хаос“ во челичарницата.
Кремљ, пак, негираше дека Русија го напаѓа индустрискиот комплекс.
„Нема никаков хаос, не се случува ништо “,
рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека има „ескалации“ кога Украинците заземаат напаѓачки позиции.