Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, е позитивен на коронавирус, а од вчера тој е префрлен во Инфективната клиника во Скопје, пренесе Фокус.
Христоски првите симптоми ги почувствувал во неделата вечерта, а веќе во понеделникот добил позитивен тест на коронавирусот.
Како што велат од општината, тој е во стабилна состојба и се чувствува добро.