Немаше никакви клоци и шлаканици, туку вербална расправија, а случајот градоначалникот го пријави во полициската станица, велат од Општина Крушево реагирајќи на информациите во јавноста дека градоначалникот Томе Христоски физички нападнал активист и член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.
„Одредени медиуми еднострано пренесуваат информации и одбиваат да ја слушнат и втората страна. Партијата ВМРО-ДПМНЕ од Крушево синоќа објави дека градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, физички нападнал граѓанин на општината, односно, како што пишуваат од партијата – член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево“,
велат од Општината.
➡️Медиумите да дадат еднаков простор на сите страни; ➡️Како е возможно јас да сум бил тој што напаѓал, а прв го пријавив случајот во полиција? http://krusevo.gov.mk/?p=12121
Posted by Томе Христоски – Градоначалник на општина Крушево on Thursday, December 17, 2020
Градоначалникот Христоски, пак, на својот фејсбук-профил обвинува дека некои медиуми не даваат еднаков простор на сите и прашува:
„Како е возможно јас да сум бил тој што напаѓал, а прв го пријавив случајот во полиција?“
Уште вчеравечер тој исто така на социјалните мрежи негирал дека имало физичка пресметка со клоци и шлаканици, туку само вербална расправија, откако, како што цитира, му се заканиле со зборовите: „Ќе видите вие комуњари кога ќе дојдеме на власт“ и други погрдни зборови и провокации.
