По последниот инцидент пред Нова година, од Градот велат дека секој приод кон плоштадот е забранет за возила

Лажна вест е дека пропаднал камион во плочникот во делот каде што се наоѓа партерната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Веста се рашири на социјалните мрежи, а ја пренесоа и дел од порталите, по што од Град Скопје излегоа со реакција.
„Вистината е дека овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот ’Македонија‘, ниту пак пропаднал во фонтаната. Секој приод кон плоштадот ’Македонија‘ по последниот инцидент пред прославата за Нова година кога пропадна комбе на странски државјанин во подземната фонтана, е забранет за возила и физички со поставени столбови е оневозможен“,
велат од Град Скопје.
Фонтаната на плоштадот „Македонија“ е оградена и обележана, и е оневозможен пристап за возила кои би можеле да поминат врз истата.
