Осомничениот произведувал детска порнографија снимајќи во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете жртва. Снимените фотографии и видеоматеријал ги зачувал во меморијата на мобилниот телефон со цел да ги дистрибуира, пренесува и нуди на друг начин, се вели во соопштението од ОЈО Гостивар
Гостиварското Основно јавно обвинителство (ОЈО) поведе постапка против триесетгодишен гостиварец кој е осомничен дека произведувал и дистрибуирал детска порнографија.
Во соопштението од Обвинителството се наведува дека гостиварецот од минатата година до 26 јуни годинава во Гостивар произведувал детска порнографија.
„Во периодот од 2022 година до 26.6.2023 година во Гостивар осомничениот произведувал детска порнографија снимајќи во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете жртва. Снимените фотографии и видеоматеријал ги зачувал во меморијата на мобилниот телефон, со цел да ги дистрибуира, пренесува и нуди на друг начин“,
се вели во соопштението од гостиварското Основно јавно обвинителство.
Според јавниот обвинител, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоците и страв дека осомничениот ќе го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар тој доставил предлог за определување мерка притвор.