Откако е забележан густ чад во туристичкиот комплекс, противпожарните екипи веднаш се упатиле на терен
Вечерва избувна пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, информираат тамошните општински власти. Дел од гостите во хотелот се евакуирани. Нема повредени.

Откако е забележан густ чад во туристичкиот комплекс, противпожарните екипи веднаш се упатиле на терен.
Засега нема опасност пожарот да се прошири и на другите околни објекти, а градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во изјава за ТВ 21 посочи дека поради сериозноста на пожарот е побарана помош од околните противпожарни служби.
Пристигната е противпожарна помош од Делчево, а се очекува и од Кочани.
Веднаш до туристичкиот комплекс се наоѓа и манастирот „Свети Архангел Михаил“, кој е изграден во периодот од 1815 до 1818 година.