Ваквите коментари на виделина ги покажаа тензиите меѓу богатите и сиромашните нации додека делегатите втор ден дискутираат за климата на самитот КОП 27 кој ќе трае две недели во крајбрежното одморалиште Шарм ел Шеик во Египет
Лидерите на земјите во развој ги критикуваа владите на богатите држави и нафтените компании за поттикнување на глобалното затоплување, користејќи го климатскиот самит КОП 27 што се одржува во Шарм ел Шеик во Египет за да побараат плаќање за штетата што ја предизвикуваат на нивните економии.
Малите островски земји веќе погодени од засилување на океанските бури и зголемувањето на нивото на морето ги повикаа нафтените компании да вратат дел од нивните огромни профити, додека африканските земји во развој бараат повеќе меѓународни фондови, пренесуваат агенциите.
„Нафтената и гасната индустрија продолжува да генерира речиси три милијарди американски долари дневно“,
рече Гастон Браун, премиер на Антигва, говорејќи на конференцијата во име на Алијансата на малите островски држави.
Тој додаде оти е крајно време овие компании да бидат принудени да „плаќаат глобален данок на јаглерод на нивните профити“ како извор на финансирање за загуба и штета.
„Додека тие профитираат, планетата гори“,
рече Браун.
Ваквите коментари на виделина ги покажаа тензиите меѓу богатите и сиромашните нации додека делегатите втор ден дискутираат за климата на самитот КОП 27 кој ќе трае две недели во крајбрежното одморалиште Шарм ел Шеик во Египет, оценува Ројтерс.
Сенегалскиот претседател Меки Сал на конференцијата изјави дека на земјите во развој во Африка им треба зголемено финансирање за да се прилагодат на влошените климатски промени и дека ќе се спротивстават на повиците за итна транзиција од фосилните горива што може да го поткопа нивниот економски раст.
„Да бидеме јасни, ние сме за намалување на емисијата на гасови. Но, ние Африканците не можеме да прифатиме дека нашите витални интереси се игнорираат“, рече тој.
Брзо се пренасочуваат пари за војна, бавно за климата
Претседателот на Шри Ланка, Ранил Викремесинг рече дека западните влади брзо пренасочуваат милијарди долари за војната во Украина, но бавно го прават тоа кога станува збор за климатските промени.
„Двојните стандарди се неприфатливи…Не е тајна дека климатските финансии ја промашија целта… Бидејќи многу развиени земји сметаат дека е посоодветно да чекаат со нивните финансиски придонеси за климата, овие земји исто така беа на двете страни на војната во Украина и се чинеше дека немаат проблем да трошат пари за војна“,
рекол тој.
Десетици други шефови на држави и влади требаше да зборуваат денеска на Самитот, но многу од најголемите загадувачи во светот – вклучувајќи ги САД, Кина и Индија – не беа на распоредот за дененска.
Американскиот претседател Џо Бајден на конференцијата во Египет пристигнува дури следната недела, но неговата делегација го отвори својот павилјон на КОП 27 денеска, а во чија обиколка беше поранешниот државен секретар на САД во администрацијата на Барак Обама и актуелен
Во меѓувреме, домаќинот на конференцијата, Египет, се соочи со критики од активистите за човекови права поради затворањето на египетско-британската блогерка Ала Абдел Фатах.
Абдел Фатах стана познат за време на бунтот во Египет во 2011 година, но поголемиот дел од тоа време го помина во притвор, каде сега штрајкува со глад.
Владата на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси се надеваше дека организацијата на конференцијата КОП 27 ќе и даде на земјата посилен меѓународен легитимитет во време кога египетската економија забавува, оценува Ројтерс.