Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот
Во тек е голема полициска акција во Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации. Има и приведени.
Информацијата претпладнево ја објави Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), под чие раководство е акцијата.
„Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот“,
информираат од Обвинителството.
Голема полициска акција пред два дена се случи и во Струмичко-гевгелискиот Регион. Уапсени беа 14 цариници, еден пензиониран цариник и еден полициски службеник, обвинети дека во последните година и половина примале поткуп за да не ги извршуваат претресите на увезената стока во државата.