На граничниот премин „Табановце” во тек е акција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) што е причина за големиот застој на граничниот премин.
Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени” потврдуваат дека во тек е координирана акција, но повеќе детали велат дека ќе соопштат по нејзиното завршување.
“Во тек е акција на припадници на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција”,
велат од МВР.
Во меѓувреме, додека трае акцијата, колони возила се заглавени на македонско-српската граница и по неколку часа, а граѓаните револтирани на социјалните мрежи објавуваат видеа и фотографии на кои може да се види хаосот и километарските колони на граничниот премин.

Граѓаните кои чекаат неколку часа велат дека ниту еден автомобил не влегол во Македонија веќе три часа и се жалат дека ова се случува на ниски температури без да добијат информација од службите за што точно станува збор.