Голем пожар беснее на грчкиот остров Икариа, но според властите тој не претставува опасност за населените места. Во пожарот што синоќа избил зафатен е шумски предел.
Како што јави МИА, градоначалникот на островот побарал од жителите на четири населби да бидат подготвени за евентуална превентивна евакуација, меѓутоа такво нешто не било потребно.
Рано утрово беа дополнително засилени противпожарните сили и интервенираат 40 пожарникари со 10 возила, два пешадиски тима, два хеликоптери, два авиони, како и волонтери и цистерни од општината.