Пожарот избувна во четвртокот на планините на 120 километри северозападно од Севиља и оттогаш се зафатени 90 квадратни километри
Околу 2.400 луѓе се евакуирани поради пожар кој е надвор од контрола во шпанската покраина Андалузија, соопштија денеска властите.
Пожарот избувна во четвртокот на планините во близина на градот Алмонастер ла Реал, на 120 километри северозападно од Севиља. Од тогаш се зафатени 90 квадратни километри.
Во акцијата за гаснење на пожарот учествувале 24 авиони и еден хеликоптер, со околу 450 лица, вклучувајќи пожарникари и воен персонал за итни случаи.
Дополнителни 70 лица беа евакуирани во саботата поради пожар во Мула, мал град на југоистокот на регионот Мурсија, додека пожарникарите исто така се обидуваат да изгаснат два пожара во западната провинција Ектремадура.