Ѓоковиќ три дена е во хотелот за баратели на азил и чека да му се реши статусот откако му била одбиена визата по пристигнувањето во Мелбурн
Адвокатите на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во документите кои ги приложиле за добивање медицинско изземање од вакцинација за да учествува на „Австралија Опен“ навеле дека најдобриот светски тенисер во декември бил заразен со ковид, пренесува Н1.
„Првиот позитивен ПЦР тест за ковид е датиран на 16 декември 2021 година“,
изјавија адвокатите, објави Би-би-си.
Ѓоковиќ три дена е во хотелот за баратели на азил и чека да му се реши статусот откако му била одбиена визата по пристигнувањето во Мелбурн.
Според најавите, Ѓоковиќ ќе биде сослушан пред сојузниот суд во понеделник по австралиско време.