Бугарскиот тенисер Димитров, кој учествуваше на турнир во Задар, објави дека е позитивен, а Ѓоковиќ имал близок контакт со него
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ одби да се тестира за коронавирус во Хрватска, откако бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој учествуваше на турнирот во Задар и беше во близок контакт со него, објави дека е позитивен.
Како што објавија српските медиуми, Ѓоковиќ не сакал да се тестира затоа што се чувствувал добро и немал симптоми. Тоа наводно ќе го направи со посебни медицински протоколи по враќањето во Белград. Истото образложение го дале и другите лица од неговиот тим и околината.
Тренерот на српскиот тенисер, Горан Иванишевиќ, на своја иницијатива направи анализа пред три дена, а резултатот беше негативен.
Освен Димитров позитивни тестови имаат и Борна Чориќ, потоа кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паники, додека третиот во оваа сесија тестирања е тренерот на Димитров, Кристијан Грокс.
Медицинската служба на Задар им овозможи на тенисерите да си заминат без да направат тестови. Сепак, некои играчи направија тест и ги чекаат резултатите.