Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во интервју за Би-би-си, зборувајќи за вакцинацијата против ковид-19, односно ситуацијата околу неговата депортација од Австралија, истакна дека не планира да се вакцинира, без разлика на тоа која цена ќе треба да ја плати.
Србинот рече дека попрво би ги пропуштил следните големи турнири Ролан Гарос и Вимблдон отколку да се вакцинира.
„Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам Не сум антиваксер, но ќе ги и жртвувам трофеите ако ме присилат да се вакцинирам“,
истакна Ѓоковиќ
Тенисерот потврди и дека е подготвен да се откаже од шансата да стане статистички најдобар тенисер на сите времиња доколку цената што треба да ја плати е вакцинација.
„Бидејќи принципите на донесување одлуки за моето тело се поважни од која било титула или што било друго. Се трудам да бидам во склад со моето тело што е можно повеќе. Никогаш не сум бил против вакцинација. Разбирам дека на глобално ниво сите се обидуваат да вложат големи напори за да се борат против овој вирус, се надевам дека ќе го видиме крајот на овој вирус наскоро“
нагласи Ѓоковиќ.