Претседателот на државата традиционално секоја година одржува говор пред пратениците пред крајот на календарската година во кое изнесува свои ставови во врска со актуелните случувања во земјата и светот
Шефот на државата Стево Пендаровски денеска, 22 декември, ќе го одржи своето годишно обраќање пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.
Според објавата на веб-страницата на Собранието, обраќањето на претседателот Пендаровски е единствената точка на дневниот ред на 96. пленарна седница закажана за 11:00 часот во сала „Македонија“.
Обраќањето ќе се пренесува во живо на фејсбук-профилот и јутјуб-каналот на претседателот Пендаровски.
Претседателот на државата традиционално секоја година одржува говор пред пратениците пред крајот на календарската година во кое изнесува свои ставови во врска со актуелните случувања во земјата и светот.