Ова е прв ваков случај по подолг време, откако имаше неколку вакви регистрирани на почетокот на пандемијата
Тетовската полиција добила пријава дека ноќеска од клиничката болница човек сам ја зел својата мајка почината од ковид-19 и ја однел со возилото. Настанот се случил околу неколку минути пред полноќ.
„Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило ја ставило неговата мајка, претходно почината од ковид -19 и со возилото се оддалечило од местото“,
соопшти Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.
Овој случај не е единствен ваков во земјава и беа карактеристични во претходните бранови од пандемијата. Таков беше случајот во струмичката болница, во септември лани.
Тогаш роднини на починат го украле неговото тело од Инфективната клиника.
На 30 јуни шест лица беа приведени поради напад врз лекарка, од роднина на лице починато од коронавирус.
Шестмина приведени по инцидентот во „8 Септември“, еден од нив е позитивен на ковид-19
Истиот ден имало инцидент и во одделот за интензивна нега, на спратот каде што лежат најтешко болните кои се на респираторни машини. Ќерка на починат пациент успеала да се пробие до тоа одделение, била многу агресивна и се заканувала на медицинските работници, па тие повикале обезбедување, а обезбедувањето полиција. Таа снимала со телефон, кој полиција ѝ го одзела.
Претходно во мај истата година, кај скопјанец кој бил погребан постхумно е утврдено дека е позитивен а коронавирус, но семејството одбиваше да соработува со епидемиолозите.
Поврзана вест:
Ги напаѓаат лекарите и сестрите – одговараат за нарушување на јавниот ред и мир