Мигрант од Авганистан на возраст од 24 години пронајден е мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија, инфромираат од МВР.
Како што соопштија од МВР, вчеравечер во полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото.
Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан.
Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.