Предвидено е тој да се сретне со претседателот Пендаровски, како и да има средби во Собранието и Владата

Поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Михаел Рот, утре доаѓа во посета на земјава.
Според најавите, Рот ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски, како и со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Дел од агендата се и средби во Собранието: со претседателот Талат Џафери и со пратеникот Антонијо Милошоски кој е претседател на Комисијата за надворешни работи.
Рот последен пат беше во земјава во мај лани кога беше министер за Европа, а во пресрет на минатогодишниот јунски состанок на Советот на ЕУ за општи работи кога се правеа напори за усогласување на преговарачката рамка и почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Кога во јули годинава во Собранието беа изгласани заклучоците за Информацијата за предлог-преговарачката рамка со Европската Унија (ЕУ) по што следуваше и првата меѓувладина конференција, Рот од позиција на пратеник се огласи на социјалните мрежи порачувајќи дека е горд на Македонците бидејќи се овозможи конечен пробив во преговорите. Исто така, констатираше и дека Бугарија ја уценува Северна Македонија, а ЕУ не ги одржала своите претходни ветувања.
