Во Германија изминатиов период се одржуваат широки демонстрации против крајно-десничарскиот екстремизам, откако беше обелоденето во јавноста дека високи функционери на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) присуствувале на состанок на кој наводно се разговарало за масовни депортации на граѓани со странско потекло, пренесува Би-би-си
Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост поради порастот на крајно-десничарскиот екстремизам, додека неговата земја го одбележува Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот, предупредувајќи на „неонацистичките движења и нивните мрачни мрежи“, пренесува Би-би-си.

Укажувајќи на ваквите појави, кои, како што рече канцеларот не се нешто што едноставно треба да се прифати, тој ги повика луѓето да се борат против расизмот и антисемитизмот.
Инаку, денеска илјадници луѓе излегоа на марш во Дизелдорф, последен во серијата вакви протести против екстрамната десница во земјата.
Протестите, како што наведува британскиот национален сервис, уследија по извештаите дека високи претставници на крајно-десната партија АФД се приклучиле на дебатите во кои се заговара депортирање на граѓани со странско потекло од земјата.
Истовремено во Германија активна е и дебата околу прашањето дали да се забранат екстремно десничарските партии.
Во претходно снимен говор по повод 79 години од ослободувањето на концентрациониот логор од Втората светска војна – Аушвиц од страна на советските трупи, германскиот канцелар рече дека постојано се појавуваат нови извештаи за неонацистички групи и нивните мрачни мрежи, а во „истовреме десничарските популисти се повеќе заземаат простор, разгоруваат страв и сеат омраза“.
„Но, овој развој не е нешто што едноставно мораме да го прифатиме“,
рече Шолц, повикувајќи ги Германците да застанат против екстремната десница и да ја заштитат германската демократија.
Numerous wreath-laying ceremonies and commemorative events were planned across Germany to mark Holocaust Remembrance Day today. German Chancellor Olaf Scholz called for a determined fight against antisemitism and racism.
— DW News (@dwnews) January 27, 2024
https://t.co/7bBoCihcP6
„Нашата земја е на нозе во моментов. Милиони граѓани излегуваат на улиците во поддршка на демократијата, почитта и хуманоста еден кон друг. На крајот на краиштата, за тоа се работи. Кохезијата на демократите е она што ја прави нашата демократија силна – да се покаже самоуверена во јавноста, како што се случува сега“,
ја пренесува Би-би-си пораката на германскиот канцелар.
Тој, исто така, ја поздрави одлуката за укинување на финансирањето на радикалната десничарска партија Ди Хајмат (Die Heimat – во превод на македонски јазик „Татковината“).
Имено, во средата германскиот уставен суд донесе пресуда со која се забранува партијата да добива дополнителни финансии од државата, како и даночни олеснувања, кои според актуелните закони во земјата им следуваат на политичките партии.
Станува збор за прва ваква пресуда во Германија, со која на партија и се ускратува државната финансиска поддршка без партијата да биде забранета.

Во Германија изминатиов период се одржуваат широки демонстрации против крајно-десничарскиот екстремизам, откако беше обелоденето во јавноста дека високи функционери на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) присуствувале на состанок на кој наводно се разговарало за масовни депортации на граѓани со странско потекло.
Демонстрантите кои излегуваат на улиците на германските градови се надеваат дека пресудата на уставниот суд ќе послужи како урнек за справување со зголемената поддршка за АФД, која е втора партија на национално ниво, со над 20 отсто поддршка.
Партијата, исто така, има поддршка од над 30 отсто во три источни германски покраини, каде подоцна оваа година треба да се одржат клучни регионални избори.