За патниците што влегуваат во Германија од земји со висок ризик задолжителен ќе биде тест за ковид-19.
Претставниците од германското министерството за здравство денеска одржаа онлајн состанок на кој се договорија за задолжителните тестови.
Досега, патниците од земјите со висок ризик мораа да се самоизолираат 14 дена, иако мерката тешко се спроведуваше.
Институтот Роберт Кох, германската агенција за контрола на болести, во моментов за ризични ги смета повеќето странски земји.
Луѓето кои влегуваат во Германија од земји со низок ризик, како Франција, Шпанија, Грција и поголемиот дел од ЕУ, не би требало да се тестираат според новиот правилник.