Шолц изјави дека пандемијата се приближува до својот врв во земјата
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека некои ограничувања за коронавирусот ќе бидат ублажени следната недела и дека постои можност за дополнително олеснување на мерките во пролет.
Шолц изјави дека пандемијата се приближува до својот врв во земјата.
„Експертските проценки покажуваат дека врвот на бранот е неминовен. „Ова ни овозможува, на состанокот на федералната влада и сојузните држави, да ги преземеме првите чекори кон отворање на општеството следната недела и да размислиме за укинување на уште некои мерки на пролет“,
рече Шолц во Бундесратот, Горниот дом на германскиот парламент.
Од почетокот на пандемијата, Германија пријавила вкупно 11 897 002 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 3 179 506 се активни.
Во истиот период починале 120 196 граѓани, според податоците на сајтот „ворлдометерс“.