Мерките ќе останат да важат за во домовите за стари лица и болниците, а веројатно ќе остане во сила и носењето маски во јавниот превоз
Германија од 20 март ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки и ќе се префрли на правилото „хот спот“, што ќе им даде можност на покраините да дејствуваат во случај на потреба, според договорот постигнат меѓу министерот за правда Марко Бушман и министерот за здравство Карл Лаутербах.
„Мислам дека постигнавме добар компромис кој се потпира на два столба. Речиси и да нема ограничувања во секојдневниот живот на граѓаните“,
изјави Бушман за ЗДФ.
Лаутербах рече дека исклучок се маските и тестовите за местата каде што има голем број членови на ризични групи, односно во домови за стари лица и болници.
Исто така, обврската за носење маски може да остане во јавниот превоз.
„Се разбира, не е планирано да се отвори сè“,
додаде тој.
Photo: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL