Според новата од одлука на германските власти, на сите државјани на Северна Македонија им се дозволува неограничен влез во Германија, бидејќи државата не се смета повеќе за „област ризична од ковид“.
Сепак како што посочува Министерството за надворешни работи, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан ковид-19 или потврда за целосна вакцинација.
Со најновата одлука на Република Грција, пак, сите патници над петгодишна возраст при влез во државата, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест, не постар од 72 часа, или потврда за негативен резултат од рапид-тест не постар од 24 часа, наведуваат од МНР.
При влез во Република Австрија, пак, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена засилувачка доза на вакцина или доказ за прележана болест, не постар од шест месеци, заедно со негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа. Во овие случаи не се определува мерка карантин.