Доколку Владата не го донесе тарифникот до 20 јануари 2024 година, како што нагласи Рибаровски, Комората ќе го организира своето членство за преземање радикални чекори за што јавноста ќе биде дополнително информирана
Раководството на Комората на трговски друштва за геодетски работи денеска ја повика Владата да го донесе новиот трафиник за работа на приватните геодетски компании.
„На 15 месецов конечно е усвоен новиот тарифник од страна на Управниот одбор на Агенцијата за катастар. По ова усвојување, тарифникот треба да биде доставен до Владата на негово конечно усвојување“,
истакна денеска претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи Никола Рибаровски.
Доколку Владата не го донесе тарифникот до 20 јануари 2024 година, како што нагласи Рибаровски, Комората ќе го организира своето членство за преземање радикални чекори за што јавноста ќе биде дополнително информирана.