Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот јазик. Бугарија и понатаму има право на вето и во секое време може да го блокира членството на Република Северна Македонија во Европската Унија, рече Гечев, кој е од партијата на Петков, во интервју за БНТ утрово
Ќе има јавна, видлива дебата за сите, во која ќе се разговара за сите гледишта и ќе се донесе конечна одлука дали да се прифати францускиот предлог или да се одбие во однос на Република Северна Македонија. Не сум го видел текстот. Мора да го опстоиме на ставот што го имавме досега, изјави Димитар Гочев од Продолжуваме со промените во интервју за утринската емисија на БНТ „Денот почнува“.
„Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот јазик. Бугарија и понатаму има право на вето и во секое време може да го блокира членството на Република Северна Македонија во Европската Унија“,
додаде Гочев.

Тој го опиша ставот на претседателот Румен Радев на оваа тема како „чуден“.
„Не може да се зборува за предавство кога сè уште не е донесена одлука. Можеби околу претседателот има советници кои му даваат информации кои не се точни. Тој прво рече дека премиерот не може да носи такви одлуки, но сега вели дека не може да дозволи Народното собрание да ги носи овие одлуки. Ова е многу чуден став“,
додаде Гочев.
Според него, ова не е првпат Националното собрание да биде одлучувачко тело.
„И во 2019 година кога Борисов беше премиер, повторно прашањето за Македонија го презеде Народното собрание и парламентот донесе декларација. Тогаш не го слушнавме Радев како го критикува Борисов на истата тема, а сега се однесува чудно. Гледам една голема недоследност и тешко е да ја коментирам и да дадам објаснување за тоа. Се надевам дека е забуна. Продолжуваме да инсистираме на свикување на Консултативниот совет за национална безбедност со претседателот на тема Република Северна Македонија“,
рече Гочев.
Според него, во редовите на ИТН има големо незадоволство, но никој не може да каже како ќе се канализира ова незадоволство.
Парламентот ќе расправа за гласање недоверба на владата на Кирил Петков на вонредна седница во вторник. Седницата ќе започне во 11 часот, а ја свика претседателот на Народното собрание, Мирослав Иванов, стои во објавата на веб-страницата на бугарското Народно собрание, пренесува БНТ.
На вонредната седница на дневен ред ќе биде предлог-одлуката за изгласување недоверба на владата на премиерот Кирил Петков, а подносители на предлог-одлуката се Десислава Атанасова и група пратеници.
Според правилата на бугарскиот парламент, гласањето мора да се одржи најрано 24 часа по завршувањето на расправата.
Гласањето за недоверба на владата во средата го поднесе ГЕРБ со образложение дека владата остварила неуспех во финансиската и економската политика. ГЕРБ доби поддршка и од Има таков народ, ДПС и Преродба.
За да биде изгласа недовербата на владата, ќе бидат потребни 121 глас. Како што пишува БНТ, моментално за недоверба на владата би можело да има вкупно 125 гласа „за“, и тоа 59 пратеници од ГЕРБ, 34 од ДПС, 19 од ИТН и 13 од Преродба.