Проблемот со пандемијата предизвикана од ковид-19 е далеку од решен, но имаме причина за оптимизам и ситуацијата може да се стави под контрола за неколку месеци, вели директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гребрејесус.
Тој на денешната прес-конференција изјави дека СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата непречено да продолжат, но во моментов тоа не можно бидејќи одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се преполни и многу луѓе умираат.
Според него, почитувањето на мерките, носење на маски, држење на физичко растојание паралелно со процесот на вакцинација, може да дадат реузлтати и ситуацијата да се стави под контрола за неколку месеци.
„Пандемијата на ковид-19 е далеку од својот крај, но имаме многу причини за оптимизам. Падот на бројот на новозаразени и смртни случаи во првите два месеци од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени“,
рече Гебрејесус.
Тој додава дека зголемениот пренос на оваа инфекција најмногу се должи на збунетост и недоследност во спроведувањето на мерките за заштита на јавното здравје.
