Генералното собрание на ОН денеска гласа за необврзувачка резолуција за итен хуманитарен прекин на огнот откако слична резолуција не беше усвоена од Советот за безбедност минатата недела
Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, објави дека Појасот Газа е пекол на земјата, по посетата на палестинската територија која повеќе од два месеци интензивно ја бомбардира израелската армија.

„Назад во Газа, трагедијата е сè полоша и полоша. Луѓето се насекаде, живеат на улица, сè им недостасува. Тие молат да бидат донесени на безбедно и за крај на овој пекол на земјата. Го бараме невозможното од нашите колеги во оваа невозможна ситуација“,
објави Лазарини на платформата Икс.
Back in #Gaza, endless deepening tragedy. People are everywhere, live in the street, need everything. They plead for safety & for an end to this hell on earth.
— Philippe Lazzarini (@UNLazzarini) December 12, 2023
Our colleagues are asked to do the impossible in what is an impossible situation. pic.twitter.com/iiBFfk2rBG
Војната меѓу Израел и палестинскиот исламски Хамас, кој владее со Газа, трае веќе 67 дена.
Генералното собрание на ОН денеска гласа за необврзувачка резолуција за итен хуманитарен прекин на огнот откако слична резолуција не беше усвоена од Советот за безбедност минатата недела.
Нацрт-резолуцијата повикува на заштита на цивилите, пристап до хуманитарна помош и итно и безусловно ослободување на заложниците однесени во Појасот Газа на 7 октомври, кога палестинските екстремисти, предводени од Хамас, го нападнаа јужниот дел на Израел.
Министерството за здравство во Појасот Газа синоќа соопшти дека во израелското бомбардирање на палестинската територија од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот исламски Хамас на 7 октомври загинале 18 205 лица.