Двајца-тројца пратеници од мнозинството не доаѓаат никогаш, некои се болни, некои заразени, така што тие сакаат тоа да го прикријат со онлајн седници, вели претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Ние сме против тие онлајн-седници. Ние сме свесни и сите граѓани се свесни дека мнозинството е кревко и денеска немаат 62 пратеника за да протуркаат нешто во Собрание. Да би биле во нормални услови, кога Собранието би било стабилно, можеби во делот на спречување и справување со ковид-кризата нормално би било тоа да се реализира, во тој контекст. Но кога го знаете контекстот и заднината, а знаете дека тоа е прикривање на кревкото мнозинство, вие мора да се справите со тоа и да кажете дека тоа не е нормално“,
вели Гаши.
Тој додава дека сакаат Собранието да функционира, но да се слушне и нивниот глас.
„Некако овој пристап дека победникот добива сè, а губитникот губи сè, значи само затоа што имате 62 пратеника, не сакате да слушнете воопшто што опозицијата мисли, не сакате ниту еден амандман да прифатите, сакате ексклузивност во пристапот на справување со ковид, тоа е погрешен пристап, тој не носи добро ниту за државата, ниту во справувањето со ковид-кризата. Затоа ако имаме појава да ни се заболат многу пратеници ќе треба да се координираме и да најдеме начин како би функионирале“,
вели Гаши.