Што се однесува до инцидентот со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром, спикерот на брифингот кажа дека таа побарала помош од него, по што дал инструкции дека ќе оди на аеродром за да ја смири ситуацијата, а како претходница биле упатени лицата од неговото обезбедување
Сите сакаме да имаме барем малку приватен живот. Јас воопшто го немам и, за жал, и во овој случај морав и на приватен настан да отпатувам со службено возило. Вака претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите одговори на прашањето зошто со службено возило бил на свадба во Косово.
Тој нагласи дека бил обврзан како спикер секаде да се движи со службен автомобил, иако не би сакал тоа да биде така.
Гаши кажа дека уредно бил најавен дека ќе патува во Косово, но дека, како што рече, не може да застане на пасошка контрола и пасошите да ги даде ма проверка. Сепак, тој не кажа колку лица патувале со него со службените возила и најави дека ќе покрене иницијатива и со Министерството за внатрешни работи да се доуредат одредени пропусти.
Што се однесува до инцидентот со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром, спикерот на брифингот кажа дека таа побарала помош од него, по што дал инструкции дека ќе оди на аеродром за да ја смири ситуацијата, а како претходница биле упатени лицата од неговото обезбедување. Откако му се јавиле дека ситуацијата е надмината, Гаши решил да не оди на аеродромот.
„Од морален аспект, јас лично и обезбедувањето во Собранието на аеродромот избегнавме инцидент којшто можеше да има поголеми последици. Се радувам дека се заврши како што треба. Тие луѓе што ги пречекориле своите овластувања МВР ќе постапи како што е законот. Секогаш кога ќе треба да се зближува, да се смирува ситуацијата, ќе настапувам за доброто на граѓаните, да нема конфликти, инциденти и поголеми последици“,
рече Гаши во изјава за медиумите по средбата со новинарите.
Министерството за внатрешни работи, во врска со патувањето на Гаши во Косово, изврши интензивни проверки кои вклучуваат преглед на камерите на граничниот премин „Блаце“, увид во евиденцијата на системот за контрола на патници и возила и евиденцијата во книгите на настани и процедури на граничниот премин, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Притоа, било утврдено дека планот за патување на претседателот Гаши бил уредно најавен и заведен во евидентните книги по претходно известување од Министерството за надворешни работи на 16.08.2024 година. Во известувањето, покрај претседателот на Собранието, опфатени биле и членовите на неговото семејство, членови на обезбедувањето и три полициски службени возила. Но, при направената контрола во системот за контрола на патници било утврдено дека имало пропусти, односно Гаши и неговата свадбена придружба не биле евидентирани на граница. Поради тоа, Тошковски најави одговорност за раководителот на смена.
По ова, од СДСМ јавно на прес-конференција објавија дека виновен за скандалот со свадбената поворка на спикерот Африм Гаши е новоназначениот началник на Центарот за гранични работи „Север“, Наим Рамука.
Што се однесува до инцидентот на скопскиот аеродром, шефот на обезбедувањето на Гаши доби кривична пријава и е отстранет од работното место. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение дека лицето С.С сторило две кривични дела – загрозување на сигурноста по член 144 од КЗ и спречување службено лице во вршење службено дејстиве по член 382 од КЗ.