Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, синоќа пред седницата на Централното претседателство на ВЛЕН, соопшти дека Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство
Мнозинството останува стабилно, Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет, порача денеска претседателот на Собранието Африм Гаши по одлуката на министерот за здравство Арбен Таравари од Алијанса за Албанците дека ја напушти владината коалиција.

„Стабилно е мнозинството. Нема никаква дилема околу тоа дали имаме мнозинство, се работи за преминување на една од политичките партии во опозиција, но гледате дека неколку пратеници остануваат дел од ВЛЕН. Мислам дека Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет“,
изјави Гаши одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Балканскиот аамит на алумни.
Прашан кога ќе се избере новиот министер за здравство, спикерот на парламентот одговори дека најпрвин премиерот треба да го предложи новиот министер, тој предлог да биде ставен на дневен ред, и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието.
„Како што знаете, и по закон и по Деловник, предлогот доаѓа од Владата. Премиерот треба да предложи нов министер. Кога ќе дојде на дневен ред предлогот, тој предлог веднаш во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе ја ставиме на првата наредна седница“,
посочи Гаши.
Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, синоќа пред седницата на Централното претседателство на ВЛЕН, соопшти дека Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство, по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција, како и дека Арбен Фетаи ќе биде вклучен во партиското раководство и ќе остане вицепремиер за добро владеење.