Овој предлог деновиве ќе се дискутура со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ
Предлог на ВЛЕН за нов министер за здравство е Азир Алиу, соопштија лидерите на оваа политичка структура пред вечерашната седница на Централното претседателство на ВЛЕН. Овој предлог деновиве ќе се дискутура со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ.
Алиу е поранешен министер за информатичко општество и администрација (февруари 2023-февруари 2024 г.), а по одлуката на Арбен Таравари за напуштање на актуелната влада, одлучи да остане дел од ВЛЕН. Како редовен професор и експерт во областа на компјутерските науки предава на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Пред состанокот, вицепремиерот Изет Меџити изјави дека ВЛЕН е комплетиран и дека делот од Алијанса на Албанците на чело со Арбен Фетаи ќе биде дел од претседателството. Воедно, Фетаи останува вицепремиер за добро владење.
Таравари избра да биде со ДУИ – нека му е со среќа, рече Меџити и најави можна соработка во вториот круг од локалните избори со ВМРО-ДПМНЕ и со другите партии од владејачката коалиција.