Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, денеска оствари средба со бугарскиот европратеник Илхан Ќучук и градоначалникот на општина Белица, Бугарија, Радослав Ревански
Ганиу изјави дека денеска со бугарскиот колега отворил ново поглавје на соработка, кое има за цел да се движи само по еден пат, патот на Европската унија.
„Ми беше задоволство да го пречекам градоначалникот на Белица, Радослав Ревански. Додека, со помош на нашиот пријател, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, можам слободно да кажам дека отворивме важно поглавје на соработка меѓу нашите две општини, во насока на подобрување на благосостојбата на нашите сограѓани“,
рече Ганиу.
И двајцата градоначалници на Чаир и Белица, се обврзаа дека овие две општини наскоро ќе се збратимат.
„На овој начин заедно ќе учествуваме во различни европски развојни проекти и ќе бидеме пример за здрава соработка како две локални институции од двете страни на границата, Северна Македонија – Бугарија“,
рече Ганиу.
Тој исто така кажа дека се надева дека со поддршка од европратеникот Ќучук ќе се оствари заедничката презентација на Чаир и Белица пред Европскиот парламент.