Ви пренесуваме дел од снежната бајка во градовите и туристичките места низ Македонија
Во земјава вчера заврна првиот снег за годинава, а како што соопшти УХМР, најголема снежна покривка има во Дебар – 20 сантиметри и во Крушево 17 сантиметри.
Во Битола и Крива Паланка наврнале по 14 сантиметри, во Берово и Охрид по 12, во Прилеп 10, во Куманово и Штип по 5 и во Претор 2 сантиметри снег.
Во продолжение ви пренесуваме дел од снежната бајка во градовите и туристичките места низ Македонија.














